Лошото време ќе го намали производството на вино во Франција за 12%

Производството на вино во Франција ќе се намали за 12% оваа година, бидејќи лозјата се погодени од мраз, суша и град, но целокупниот квалитет ќе остане добар, соопшти денес француското Министерство за земјоделство, цитирано од Ројтерс.

Во својата втора проценка годинава, Министерството проценува дека производството на вино ќе достигне 43,4 милиони хектолитри, наспроти 49,4 милиони хектолитри во 2018 година, кога приносите беа добри заради добрите климатски услови.

Минатиот месец, Министерството за земјоделство процени дека производството на француско вино ќе биде меѓу 42,8 милиони и 46,4 милиони хектолитри. Еден хектолитар (100 литри) е еднаков на околу 133 стандардни шишиња вино.

Во многу лозја цутењето се случи за време на дождливо и студено време, а топлината и градот исто така придонесоа за пад на производството, соопшти Министерството. Сепак, ситуацијата ќе биде различна во различни региони. Рекордна топлина во јуни и јули погоди јужни области како Гар, Хера и Вар, а лозјата претрпеа значителни штети, соопшти агенцијата.

A3G705 France Champagne Champagne Vineyards Near Epernay

Во некои лозови насади, раните дождови во август помогнаа да се намалат ефектите од горештината, а врнежите на град ги оштетија лозовите насади во регионот Беојолаис, каде, како и во Бургундија, приносите се очекува да опаднат за 26 проценти од минатата година.

Производството во регионот Шампањ се очекува да се намали за 17 проценти оваа година, главно заради топлото време, а производството во Бордо за 4 проценти.
Француското грозје се бере кон крајот на летото и раната есен. Министерството забележува дека нејзината проценка е индикативна и зависи од временските услови за време на бербата.
Француското Министерство за финансии соопшти денеска дека американската закана за нови царини на француското вино како одговор на францускиот данок на доход на големите дигитални компании слабее, иако не е укината.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *