Со големи чаши вино и на пижами мајките го прославија 1ви септември

Четири мајки станаа вистински хит на интернет смеејќи го светот со хумористичните фотографии од нивната прослава за првиот училиштен ден на нивните деца.

Четири пријателки си направија релаксирана „пижама“ забава и со големи чаши вино наздравија што нивните малечки тргнуваат во школо, по дооолгиот летен распуст.

„Ние четирите имаме вкупно 18 деца. Тие се дома уште од мај, а ние сме многу подготвени за да се вратат повторно во школо. Идејата за фотосесијата ја добивме гледајќи други родители кои објавуваа тажни фотографии од нивните деца како одат на училиште. И ние си рековме: ‘Што? Тажни? Ние сме слободни повторно!’“ – изјавила една од мајките.

02

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *