Јанчев: Кавадарци е подготвено за годинешното издание на Тиквешкиот гроздобер

Кавадарци е подготвено за годинешното издание на традиционалната манифестација Тиквешки гроздобер која ќе се случува овој викенд. Според првиот човек на градот, градоначалникот Митко Јанчев за манифестацијата Тиквешки Гроздобер ќе бидат одвоени над 10 милиони денари, од кои 6 милиони денари од буџетот на Општина Кавадарци, а околу 4,5 милиони денари од спонзорите на настанот.

-Ако минатата година Кавадарци го урна рекордот во посетеност за време на Тиквешки гроздобер со околу 60.000 посетители, годинава очекуваме таа бројка да ја надминеме. Подготвени сме за настанот, увидовме недостатоци од минатата година и сега ги корегиравме, очекуваме манифестацијата да помине во весела атмосфера.

Минатата година и покрај многубројните посетители, безбедноста беше на највисоко ниво и немаше инциденти – изјави градоначалникот Митко Јанчев.
Годинава главна музичка ѕвезда е Здравко Чолиќ, кој ќе настапи во недела, на осми септември, а од општината веруваат дека тој ќе донесе дури повеќе посетители од српската турбо фолк ѕвезда Цеца и ќе го сруши ланскиот рекорд од 60.000 гости. Пред концертот на Чолиќ, од петок до недела во Кавадарци ќе настапат и голем број на други музичари од различни жанрови.
Комплетната програма можете да ја погледнете на следниот линк

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *