Милиони туристи од целиот свет и годинава и се препуштија на магијата на Клос Монмартр

Вистинските вљубеници во виното, музиката, вкусната храна и животот изминатиот викенд, од 10ти до 13ти октомври, уживаа во магијата на Клос Монмартр.

За многумина Монмарт е синоним за животот на дел од најславните уметници во светската историја, место за забава и ноќен живот во познатите француски кабареа, но највискиот рид во Париз има уште една, можеби за многумина непозната работа која привлекува милиони туристи. Се работи за единственото работно лозје во Париз, Клос Монмартр.

montmartrevineyard1

Бидејќи Монмартр бил надвор од границите на градот, што пак го ослободувало од градските такси, рапидно се зголемило производството, но и консумирањето на вино, па ридот во својата историја бил познато место за пиење. Потоа станал место на слободните уметници, забавата и декаденцијата, особено на крајот на XIX век. Во популарните кабареа како Мулен Руж, Црната мачка, редовно настапувале разни уметници, пејачи и изведувачи како Ивет Гилбер, Марсел Ландер, Аристид Бриан, а во овој округ живееле и големите Пабло Пикасо, Винсент ван Гог, Анри де Тулуз – Лотрек и многу други.
Од 1934 кога е основата и винаријата во склоп на Клос Монмартр, секој септември се оддржува манифестацијата Fete des Vendanges со која се слави доаѓањето на виното од овие лозови насади. Од тогаш, секоја година бројот на посетители на бербата на грозје во Клос Монмартр рапидно расте, за денес овој фестивал да го посетуваат повеќе од половина милион посетители.

7902174_21cffb6e-c0b8-11e8-bfc0-d34ee9c61331-1_1000x625
Она што е специфично за фестивалот е што секоја година се назначуваат кум и кума. Во нивна чест локалните ресторани во своите мениа за време на фестивалот ќе Ви ги понудат нивните омилени јадења.
Прошетката по улиците на кои што се пијат вино, присуството на многуте кулинарски работилници, посетата на базиликата Sacre-Coeur или едноставните прошетки и разговори ќе направат да се почуствувате дека сте се вратиле назад во времето, за што голем удел има и средновековната поставеност по улиците исполнети со шатори кои нудат деликатеси од храна и вино.
Се разбира, не пропуштајте ја посетата на винарската визба Клос Монмартр, потоа посетете некој од музичките настани кои се нудат во изобилие, и за крај, не пропуштајте го финалето на фестивалот кој носи голема карневалска парада и фантастичен огномет.

6157973_1213ce2c-857c-11e6-9e94-7df8fe484178-1_1000x625
Опиени од француското вино и сирење додека под Вас ги гледате боите на градот на светлината, не можете да не се почувствувате романтично, па од 2007 година во рамките на фестивалот е воведен и настан за запросување, на кој илјадници млади ја бараат раката на своите партнери.
Автор: Душко Стефанов – Боемот

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *