Кое вино е најдобра состојка во готвењето?

Виното во кујната може да се користи и за готвење и за пиење. Во готвењето се појавува многу рано – практично од првата произведена капка. За тоа постојат и бројни записи за неговата употреба.

Се јавува и во Хомеровите описи на рецепти на старите Грци, а подоцна во описите на римските гозби кои влијаеле врз кујната на сите медитерански народи. Рецептите од средновековна Франција укажуваат дека виното било една од главните состојки при готвењето. Англискиот готвач од 1739 година изобилува со рецепти со различни видови на вино. Еднаква популарност виното имало и во Америка. Се увезувале шери, порто и мадеира, а дури и претседателот Томас Џеферсон произведувал сопствено вино.

Ако сте почетник со оваа намирница, запознавањето почнете го со вам познатите вина. Кога ќе го сфатите принципот на мешање на вкусовите, ќе може да се впуштите во пошироко истражување.

Главни насоки за употреба на вино при готвењето:

– бело вино и шери се употребува кај јадењата од пилешко и морски плодови, сирења, крем супи и светли сосеви.

– црвеното вино ќе ја зајакне аромата на јадењата од црвено месо, дивеч и месните сосеви.

– сувите и лесни слатки вина одат со лесни предјадења, суво месо, риба и морски плодови.

– тестенината со сирење ќе ја „унапредите“ ако и додадете малку розе, црвено вино и теран.

– на јадењата со јајца добро ќе им дојде суво бело вино или розе.

– додека го динстате зеленчукот додадете малку бело вино за поинтензиен вкус.

– виното е одлично како маринада, го омекнува и ароматизира месото.

– вината обично се додаваат на средината или пред крај на готвењето.

– времето потребно за варење на виното зависи од бојата: белото се загрева покрако, а црвено се додека не испари, а бојата не стане темна.

-на овошјето додадете му бело слатко вино, пенливо или розе, сладок вермут или старо, црвено, слатко вино.

-колачите без чоколада трпат ликерски вина, полусуво пенливо и ароматично слатко вино.

-суви колачи одат со пенливи вина, бели слатки, полуслатки и десертни вина.

Правило е дека со чоколада и колачи вино не се пие, па затоа тоа не се додава ниту во приготвувањето на истите

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *