Виното е култура на живеење

Потекло на виното

За да се засака и препознае доброто вино треба да се знае карактеристичноста што го поседува секое поединечно. Нема општа култура без винска култура. Пиењето вино не е инстиктивно гасење на жедта туку задоволство и уживање. Љубителите на вино би рекле “Виното е најдобар пријател на човекот”. Додека познатата поговорка “Во виното е вистината” одамна го освоила светот. Во виното ги чувствуваме вкусовите и мирисите на природата, но и умешноста на лозарот и винарот трпеливо низ сложен процес да се дојде до квалитетен производ.
Вината се разликуваат пред се според потеклото, сортата на грозјето, технологијата на производство, годината на бербата и цената, најважно е потеклото кое го одредува карактерот на виното, неговата особеност, мирисот и вкусот. Грозје од една сорта дава вино со различен мирис и вкус ако лозите растат во различни области. На француски се нарекува “terrior” ефект со дефинирани физички и хемиски својства на почвата и климата, според тоа терминот “terrior” означува особености на подрачјата каде расте виновата лоза, која заедно со постапките на производство создава особен карактер на виното од една географска област и таквото вино е препознатливо.

 

Во новите прописи на Европска Унија особено се заштитува географското потекло. Класификацијата на вината и правилата за етикетирање на шишињата се пазарно насочени и тоа:

GL – Geographical indication – вина со географска ознака

PGL – Protected Geographical Indication – вина со заштитена географска ознака

PDO – Protected Designation of origin – вина со заштитено потекло.

 

Технологија на производство

Технологијата која се применува е од големо значење при производство на виното. Во зависност од постапката што се применува при производство се добиваат различни видови вино од иста сорта винова лоза од ист лозарски крај. Тие имаат различно количество шеќер и киселина. Најголемите разлики во мирисот и вкусот во виното произлегуваат од употребата на дрвените бочви. Дрвото влијае врз виното во зависност од големината и староста на бочвата и од времето на чување на виното во бочвата.

 

Сорта на грозјето

Виното смее да ја носи ознаката на сортата ако е произведено од најмалку 85% грозје од таа сорта. Во Европа во минатото не било обичај да се пишува името на сортата на грозје, додека денес се повеќе се враќа обичајот за нарекување на виното според сортата на грозје.

 

Година на берба

Податокот за годината на берба дава дополнителни сознанија за квалитетот на виното. Виното ги менува својствата во зависност од времето на чување во бочвата или во некој друг сад како и во шишето, па затоа податокот за годината на берба е многу важен. Ознаката на годината на берба може да ја носи само виното што содржи најмалку 85% вино од грозјето набрано во таа година. Добро е да се паметат добрите години, односно да се има соодветна литература со податоци за својствата на винските години за одреден лозарски крај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *