Колку навистина е старо виното?

Од кога датира виното
Речиси секој ден уживаме во неговите вкусови, го комбинираме со нашите омилени оброци, и редовно дигаме чаши за да ги прославиме сите наши животни успеси, но дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува виното.

Археолошки докази покажуваат дека најраното познато производство на вино, направено од ферментирано грозје е од доцниот Неолит или раниот Енеолит, веројатно порано од почетокот на шестиот милениум п.н.е., некаде помеѓу Кавказ и Блискиот Исток, со индиции за винарство во различни предели кои датираат од 6000 години п.н.е. во Грузија, 5 000 години п.н.е. во Иран и 4 100 години п.н.е. во Ерменија. За време на еден опширен проект за генетска карта во 2006 година, археолози го анализирале наследството на повеќе од 110 винарски култури, ограничувајќи го нивното потекло до регион во Грузија, каде исто така биле пронајдени остатоци од вино на внатрешните површини на 8 000-годишни керамички бокали за складирање. Хемиски анализи на 7 000-годишно грнчарство укажува на раното производство на вино во неолитското село Хаџи Фируз Тепе во планините Загрос во Иран.
Други значајни области на производство на вино се откриени во Грција и датираат од 4 500 години п.н.е. Истите предели исто така ги содржат најраните докази за гмечено грозје во светот. Литературни прегледи за вино се во изобилство во Хомер (8 век п.н.е., но веројатно составени дури и порано), Алкман(7 век п.н.е.),и други. Во древниот Египет 6 од 36 амфори за вино биле пронајдени во гробницата на кралот Тутанкамон кои го носеле името на главниот царски вино производител Kha’y. Пет од овие амфори биле означени со потекло од личниот имот на царот, заедно со шестиот од имотот на кралската куќа на Атон. Траги од вино биле исто така пронајдени во Централна Азија Сикјанг во денешна Кина, кои датираат од вториот и првиот милениум п.н.е. Првото познато споменување на вината базирани на грозје во Индија е од крајот на 4ти век п.н.е. во делата на Чанакја, главниот претставник на царот Чандрагупта Маурија. Во неговите дела тој ја осудува употребата на алкохол забележувајќи му на царот за честите уживања во својот двор на еден стил на вино познат како madhu (медовина).
Извештај од страна на археолози во 2003 година укажува на можноста за мешање на грозјето со ориз за да се произведат мешани ферментирани пијалаци во Кина во раните години од седмиот милениум п.н.е. Бокалите од неолитскиот дел на Јиаху, Хенан содржеле траги од винска киселина и други органски соединенија кои обично се наоѓаат во вино. Сепак, други овошја родени во регионот, како што е „глог” не може да се отфрлат. Ако овие пијалаци кои се чини дека се претходниците на саќето, вклучувајќи го и грозјето пред другите овошја, тие би биле некои од неколкуте десетици вродени диви видови во Кина, отколку винова лоза, која била воведена таму околу 6000 години подоцна.
Едно од трајните наследства на античката Римска Империја бил винарскиот темел поставен од страна на Римјаните во области кои денес се светски познати вински региони. Во областите со градови со гарнизони (на пр.Бордо, Трир и Колчестер),Римјаните засадиле лозја за снабдување на локалните потреби и ограничување на трошоците од меѓуградската трговија.Во средновековна Европа, Римокатоличката црква го поддржала виното бидејќи на свештенството му било потребно за мисата. Калуѓерите во Франција правеле вино со години зреејќи го во пештери. Стар англиски рецепт кој опстојувал во повеќе форми до 19от век повикува на прочистување на белото вино од лошо или расипано вино.
Меѓу земјите кои имаат богата винска историја дефинитивно е и Македонија. За времето на Филип Втори и Александар Велики, членовитте на македонската кралска династија се познати како големи љубители на виното. Оваа традиција продолжува и за времето на Римската империја кога Македонија е еден од најзначајните вински региони во империјата. Исто така, големото значење на виното се задржува и за време на навлегување на Христијанството, кога скоро во сите православни христијански церемонии во изведувани во црквите виното е дел од традицијата. Ваков пример е свадбената церемонија каде што вино заедно со леб и сол им се дава на невестата и младоженецот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *