Од фудбалска до винска битка

Јужноамериканците се навистина посебни. Од далечниот континент ни пристигна пресметка помеѓу Уругвај и Чиле и тоа преку тв реклами.
Први почнаа да се задеваат Уругвајците кој направија реклама за нивното вино Санта Тереса. Нивната логика е дека колку трофеи на светско и континентално ниво имаат освоено, толку луѓе треба да поканат на забавата и толку чаши вино да поделат. Така, на забавата на Уругвај има најмногу гужва бидејќи имаат дури 19 трофеи (2 Мундијала, 2 Олимпијади и 15 Копа Америка), потоа следат Бразил, Аргентина, Германија, Италија, Франција, Шпанија, а кај Чиле има само една чаша и еден човек бидејќи имаат само еден трофеј.

https://youtu.be/Wdpi8MELGag

Нормално, Чилеанците мораа да им вратат. Бидејќи во трофеи навистина немаат никакви шанси да се мерат со Уругвај, решија да ги зафркаваат за виното. „Драги уругвајски пријатели, точно е имате многу повеќе трофеи, но за да ги прославите потребно ви е вистинско вино, некое кое е признато на светско ниво.“
„За да ги прославите вашите 19 трофеи потребно ви е вистинско вино, чилеанско вино.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *