Млад винар од тиквешијата ја враќа старата традиција

Виното отсекогаш имало посебно место во секојдневието на луѓето од овие простори затоа што со него се делеле радоста и тагата, тажните и среќните моменти.
Се почесто почнува да се практикува нов тренд на покани во Тиквешкиот регион, односно наместо како парче хартија поканата се врачува со шише вино.
„Тиквешкиот регион како најголем лозаро-винарски регион во Македонија изобилува со стари традиции, така и оваа традиција ни останала од постарите на свадба да се кани со шише добро вино. Целта на овој потег ми е да направам спој на модерното и традицијата како и развивање на винскиот туризам во Тиквешијата. Идејата ми е овој тренд на вински покани да започне да се применува во пошироки размери а со самото тоа да се промовира виното од Тиквешкиот регион. На своите клиенти им нудам различни видови дизајни кои што можат сами да си ги модифицираат по нивна желба”, изјави Влатко Митровски производител на вино и вински покани.
Винаријата “Митровски” постои од 2005 година и нуди различни сорти на вино, ракија и гроздов мед. Најновиот производ од нивната палета на производи се винските покани кои што може да ги разгледате на нивната facebook страна https://www.facebook.com/vinskipokani/?fref=ts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *