Интервју со Филип Камби, „иноваторот“ на „Бела Вода“ и „Барово“

Филип Камби дефинитивно е еден од петте најдобри енолози во Европа, а според оценката на Роберт Паркер и најдобар светски вински консултант.
Камби, целата досегашна кариера ја изградил во Франција и Шпанија. Меѓутоа, со оглед на тоа што татко му и брат му се родени во Марсеј, за себе вели дека е „дете од Медитеранот“. Затоа не е ни чудо дека се смета за голем познавач на виното од медитеранските земји.
За него на просторите на поранешна Југославија се дозна во 2009 година, кога го ангажираше винарската визба „Тиквеш“, за која ги создаде врвните вина „Бела вода“, „Барово“.
Камби во „Тиквеш“ е на престижното место вински консултант, а главен енолог кој раководи со производство е Марко Стојаковиќ.

POST_Image_Cambie

Колку во винската индустрија е важно една винарска визба да има добар енолог?
Винарниците треба да имаат една јасна структура за да можат да произведуваат вина со висок квалитет. Треба да се има некој кој што ќе ги следи целите на самата винарска визба, и оние за квалитет, но и т.н. индустриски цели. Тоа се прави за компанијата да напредува и енолозите како јас и Марко и помагаат на компанијата да се движи кон тие цели.
Постојат ли трендови во винската индустрија, поточно кои вина се преферираат во изминативе години?
Всушност, она што сега се случува е тоа што сѐ почесто и почесто консументите немаат каде да го чуваат виното да отстои, порано луѓето купуваа шишиња и ги чуваа кај нив и подоцна се пиеја. Сега потрошувачот го купува виното и може да се каже дека непосредно, веднаш или истата недела го пие и затоа потребно е винарниците да му понудат вина со повеќе овошна нота, пријатни за пиење. Така, виното од прехранбен продукт, прераснува во производ за чисто задоволство на консументот.
Како го оценувате квалитетот на македонските вина, колку тие можат да се носат со странските брендови?
Она што е интересно е дека во Македонија се произведуваат вина што не би можеле лесно да се споредат,бидејќи тоа се единствени вина кои што се прават од локална берба, со особен квалитет, се произведуваат вина кои имаат овошна нота, бело, розе, црвено вино и сите имаат сопствен идентитет.Не би сакал да правам некаква споредба, но сепак можам да кажам дека македонското вино е едно од најдобрите вина на Балканот и во Источна Европа.Доколку треба да дадам некаква описна оцена, таа би била 95 од 100. Во секој случај македонските вина сѐ повеќе и повеќе напредуваат.

philipe_cambie_200113
Има ли некоја посебна тактика како да препознаеме високо квалитетно вино?
Најдобрата тактика е кога ќе го ставите виното на масата и по 15 минути тоа да е испразнето.
Јас би рекол „Кога пиеш вино, тоа е исто како да пиеш историја на еден народ, како да читаш книга за него“.

 

Како влијае сортиментот и староста на лозовите насади врз производството на вино во Македонија?
Тешко е да се каже бидејќи има доста сорти на грозје. Во однос на белите вина предност е тоа што Македонија има континентална клима, па може да се каже дека тие имаат свежина и се питки. Црвените вина, како што е Вранецот на пример, може да кажам дека тоа е едно хедонистичко вино,бидејќи има интензивна боја, а на вкус ни дава чувство како да пиеме мармалад од јагоди, од малини.

 

Треба ли да се зголеми производството на оние сорти кои се барани на светските пазари?
Доколку е возможно да, тоа е нашата цел, но проблемот е тоа што не станува збор за индустриско производство, туку за нешто што може да се каже дека е рачна изработка. Тоа укажува на фактот дека оваа индустрија не може да се диктира, бидејќи се зависи од самата клима. На пример, има години кога може да се произведе поголема количина вино, а има и години кога се произведува помалку, Сепак целта на „Тиквеш“ останува иста, а тоа е сѐ повеќе и повеќе да се произведува квалитетно вино.

philppe_cambie_776b_shp75

Како и колку винарската визба Тиквеш ќе ги следи трендовите со сортиментот на лозјата?
Целта е да се има разноликост и избор, да не наликуваме на никој друг. „Тиквеш“ придонесува во таа разноликост, бидејќи има сорти кои ги произведува само тој.

 

Винаријата Тиквеш важи за најголема во земјава и е добитник на многу награди, која е формулата за производство на вино со врвен квалитет?
Резултатот е тука благодарение на техничката екипа, како и на Марко Стојаковиќ. Тука би ја истакнал и работата која ја завршува господин Светозар Јаневски обезбедувајќи ги сите неоходни услови, и повеќе од тоа – во последните 10-тина години постојано се инвестира. Станува збор за квалитетна инвестиција. Вложен е и голем труд во однос на селекцијата, роковите за гроздобер, квалитативната промена во винската култура и во културните практики итн. Но, сепак сето ова бара многу работа, финансиски инвестиции и вложување во луѓето.
Г-дин Камби имате главна улога позади целото производство на винарската визба Тиквеш, може ли да очекуваат љубителите на вино нов производ од оваа визба?
Може да се каже дека нов производ од минатата година е „Домен Лепово Шардоне“, а годинава го лансиравме „Домен Лепово Пино Ноар“ а портфолиото ќе биде заокружено со уште едно ексклузивно вино од Лепово. Се уште не можам многу да зборувам за ова вино, но тоа, како и претходните две, ќе бидат лидери во својот ранг.

Дали за вас претставува чест што вашиот потпис е дел од вината на Тиквеш?
Да, доста сум горд што сум дел од целиот овој проект и самиот резултат е концептивен во целата таа историја на вината, но исто така ми претставува огромна чест што можев да и помогнам на Република Македонија да се промовира и претстави на светските пазари. Одлично е што за Македонија, преку виното, се зборува и во САД и во други земји. Добрата работа во сето ова е што ниту една скапа рекламна кампања не би го овозможила она што ние го постигнавме преку квалитетот и виното.

TikvesHeader

Кој е најчестиот совет кој г-дин Камби го дава до менаџерите?
Малку е комплицирано, но првата работа кој ќе ви ја кажам е тактичката работа, да се знае како и во што да се инвестира, да се знае дали тоа би функционирало во продавање на пазарите. Друга работа е самиот менаџер да знае што сака, односно што сака да добие, дали брз профит или пак на инвестициите гледа подолгорочно, дали ќе сака да произведува вина кои кријат големи тајни или пак секојдневни вина. Третата работа која ќе споменам е да се направи добар бизнис план, одлука за оние инвестиции кои што се најмногу потребни и исто така да се види дали може нашата цел да се изведе.
А важно е и самата екипа да се мотивира и сето тоа да резултира со одличен производ, важно е одгледувањето на самото грозје, но и маркетингот.
За крај омилени вина од македонскиот Тиквеш?
„Бела вода“, и белото и црвеното, ми се омилени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *