За секоја храна има посебно вино

Луѓето на кои им е сеедно какво вино пијат со одредена храна, не се некои големи љубители на вино.

Вистинските познавачи и луѓето кои го сакаат виното знаат како да го комбинираат со храна. Вино и храна кои си парираат е неверојатна хармонија на вкусови.

Еве како би требало да го комбинирате виното со храната.

За аперитив, најдобар избор е шампањ или суво бело вино.

Со ладните предјадења и сосовите најдобро оди полусуво слаткасто бело вино. Со полусуво бело вино може да ја комбинирате и рибата и морските плодови.

Пршутата и другите сувомеснати производи најдобро одговараат со светлите розе вина.

Кога станува збор за месо, тоа најдбро одговара со црно вино. Одберете младо црно или розе вино ако за ручек или вечера имате бело месо или месо печено на скара, а доколку имате дивеч или телешко месо, старото, робусно црно вино е задолжително.

food_meat_wine_789013

Густите супи, крем чорбите, рижотото и пастата најдобро одговарат со суво бело вино, а доколку како додаток имаат и месо може да ги комбинирате и со розе вино.

Доколку на трпезата имате јајца направени на каков било начин, задолжително послужете и суво бело или розе вино. Одговара и црно вино, но со помал процент на алкохол.

Различните видови на сирење бараат и различни видови на вина. Мекото сирење најдобро оди со слатко бело вино, бело вино, пенливо вино, десертно вино, додека сирењата кои се тврди најдобро се комбинираат со пенливо вино, црвено вино или јако црвено вино.

Виното е задолжително и со десертот. Слаткото бело вино и десертното вино одлично одговараат со парче торта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *