Кавадарци подготвено за јубилејниот, петти „Т’к Так Фест“

Бубо Каров заедно со легендарните „Токму Така“ и најдобриот рокенрол состав во последната деценија во центрана Македонија, „Smoke Shakers“ се главни ѕвезди на јубилејното, петто издание на најголемиот македонски демо фестивал, „Т’к Так Фест 2016“ кое во среда, 7ми септември, ќе се оддржи во Кавадарци.
„Ки“, „Unending Fury”, „Kolt”, „Drioma”, „Harkem”, „Swatovsky” и „Fullstop” ја сочинуваат листата на бендови кои освен што ќе имаат можност да ја почуствуваат моќта на големата бина и да се дружат со македонските рок легенди, ќе се натпреваруваат и за Гран при наградата Трајко Каров која изнесува 30.000 денари, која му се доделува на најдобриот тапанар.
„И годинава имаме одлична програма, фантастични бендови, кои ќе ја продолжат мисијата на македонската рок легенда Трајко Каров. Драго ми е што и оваа година имаме седум фантастични демо бендови кои заслужуваат вистинско внимание, но и се потврда за високиот квалитет на фестивалот. Од друга страна, чест ни е што фестивалот годинава е во склоп на чествувањето на Денот на ослободувањето на Кавадарци, 7ми септември“ – рече меѓу другото Марко Матиев, дел од организациониот одбор на фестивалот.

14115661_10210314089711672_1136968576352792126_o
Покрај натпреварувачите, и веќе споменатите Токму Така и „Smoke Shakers“, во ревијалниот дел кој годинава е составен од бендови кои исклучиво доаѓаат од Тиквешијата ќе настапат и „Trilogy” и кавадаречко-неготинската рокенрол коалиција „Epidemy”.
Годинава за прв пат фестивалот ќе се оддржи во Паркот на револуцијата, наспроти полициската станица во Кавадарци, а влезот ќе биде слободен. Како што веќе напоменавме, фестивалот ќе се оддржи на 7ми септември, со почеток од 21 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *