Европско винско витештво, чувари на виното и верата

Европското винско витештво има традиција на вински витешки ред и е основано во 1984 година во градот Ајзенштат, Австрија во чест на виното и на Господ.

Витештвото е во традицијата на витешкиот ред Св.Ѓорѓи од 1273, односно 1308, 1468 година и истата ја продолжува.

Здружението е место на собирање не само на производители на вино туку и на сите оние кои го сакаат виното и е дел од нивната култура. Целта е ширење и размена на информации за производство на вино, разумно конзумирање, а се разбира и поврзување на народите на културна основа.

Во Европа членуваат повеќе од 2000 почитувачи на виното од повеќе од 20 држави. Членовите од винскиот витешки ред се реномирани енолози, винари, дипломати, лекари, научници и црковни великодостоинственици.

pfz_6138
Главни каректеристики на Европското винското витештво

1. Европското винско витештво е институт на приватно право.Витештвото како правно лице се базира врз австрискиот закон за здру’енија и според нивниот статут има закон за редови.

2. Европското винско витештво е културно дело. Неговите секуларни и сакрални корени се од библијата.Освен тоа витештвото треба да го негува илјадагодишното културно добро, коешто не само што е многу постаро отколку христијанството, туку и ја одбележува културата и беше предуслов за урбаната цивилизација на човештвото.

3. Европското винско витештво е христијанско-витешко друштво. Витештвото ги признава христијанско-витешките вредности и се придржува кон пропишаната света форма во близина на олтарот, бидејќи виното како производ од највисок благороднички ранг во светот е издигнат во божји симбол.

4. Европското винско витештво има традиција на витешки ред. Витештвото е во традицијата на витешкиот ред Св.Ѓорѓи од 1273, односно 1308, 1468 година и истата ја продолжува.
5. Европското винско витештво има свои функции и почести. Вредностите на сите функции и почести на витештвото потекнуваат од манастирот на Св.Антон од Падова на Милосрдните браќа , бидејќи манастирот, претставуван од тогашниот поглавар, претседаваше со основањето и самиот манастир како правно лице континуирано е застапен во витешкиот сенат со седиште и со глас.

6. Европското винско витештво е витешки ред со заклетва.Сите членови на витештвото преку заклетвата на виното и земјата, поврзани се на ист општествен ранг и у’иваат взаемно во пријателството и во плодовите на витешкото дело.Во меморандумот кон прстенот-печатњак на градскиот свештеник во Ајзенштат , во точката „Гремиум “(Чл.III) стои:

„ Во Ајзенштат се поврзуваат градот-црковниот атар -редот на чудесен начин. Поради тоа, гремиумот, којшто го уредува меморандумот за прстенот-печатњак на градскиот свештеник на Ајзенштат, се состои од припадници на градскиот црковен атар на Ајзенштат и од здружението на витешкиот ред, којшто потекнува од Ајзенштат, како носител на европското винско витештво.

7. Европското винско витештво е вински витешки ред. Како што во самиот вински витез се содржани и поврзани во единство карактеристиките на витезот и на племенитото вино,што е рамно на нова креација, така и во називот „винско витештво” се содржани и карактеристиките на витештвото и на племенитото вино.

* Така гледано европското винско витештво како винско витештво е уникат, којшто не треба да се меша со било кој црквен ред ниту со некој суверен витешки ред, а и не сака да биде помешано со истите.
8. Европското винско витештво е европска институција. Витештвото не е европско само поради географската положба и поради врската со сенатот на Европската унија, туку пред се поради фактот што Европа може да се дефинира како цонтинент на виното, бидејќи европскиот идентитет во голема мера е одбележан и од виното. Винскиот витешки ред на ЕУ ја негува европската заедница на вредности и од природната европска припадност.

9. Европското винско витештво на сите членови на здружението со заклетва им нуди духовна татковина, коишто врз база на нивната заклетва живеат поврзано во витешко пријателство, коишто ги негуваат христијанските вредности на старата Европа и со нивната елитна одговорност им служат на племенитото вино , на винското витештво, на сограѓаните и на општеството со почесното членство.

10. Европското винско витештво е мрежа на пријателства и мировни мисии.

Во закрилјата на винското витештво може да се создаде вистинско пријателство, бидејќи племенитото вино создава пријатели и пријателство.
Кога сме пријатели, тоа е најбезбедниот пат кон мирот!

v0191
Не-карактеристики

1. Европското винско витештво не е винска институција, иако винската култура обврзува во нејзината идејна и економска компонента.

2. Европското винско витештво не е винска академија, иако е обврзано на пренесување на ‘ивотните и винските науки.

3. Европското винско витештво не е фирма, ориентирана кон создавање на добивка, иако е обврзано да ја поддржува економската гранка на винарството.

4. Европското винско витештво не е здружение на пијачи, иако е поврзано со култивираното уживање во виното и пријателите во славењето.

5. Европското винско витештво не е фолклорно друштво, иако е обврзано со релевантно традиционалната култура на славење.

6. Европското винско витештво не е фракционерски ориентирано здружение, бидејќи а приори е обврзано кон големиот интегратор вино и со тоа поврзаната објективност кон религиите, политиката, економијатата и класните интереси.

7. Европското винско витештво не е суверен витешки ред иако е обврзан кон традицијата на витешкиот ред Св.Ѓорѓи од 1273, односно 1308, 1468 година , тогаш втемелено од папата и царот.

8. Европското винско витештво не е црковен ред, иако е обврзано кон верување во христијанските вредности и племенито вино како божји симбол.

pfz_0807

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *