Џони Деп троши по 30 илјади долари месечно за вино

Холивудската икона Џони Деп троши по 30 илјади долари месечно за вино, тврди поранешниот менаџер на актерот.
53-годишната ѕвезда неодамна ја обвини фирмата The Management Group дека го измамила со десетици милиони долари.
Според гласините сепак, актерот сам се доведе до работ на финансиски пропаст поради расипничкиот стил на живот и чудните навики во однос на трошоците.
Според информациите Џони купил неодамна 150-метарската јахта за 18 милиони долари и секој месец дава уште 200 илјади за приватни авиони.
Во општи црти Деп троши повеќе отколку што би можел да си дозволи и тоа со години. Неговите бизнис менаџери се обиделе да го предупредат и да му дадат совет да го промени екстравагантниот начин на живот, но тој не ги послушал.
„Деп сам си е целосно одговорен за финансиската криза во која се наоѓа денес. Тој одбива да живее во рамките на своите можности, и покрај напорите на советниците од TMG. ”
Дотолку повеќе, компанијата тврди дека Џони сè уште и должи околу 4,2 милиони долари. TMG ги има обработувано финансиите на актерот од 1999 година до почетокот на 2016 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *