Конечно решен проблемот со капнувањето од врвот на шишето вино

Благодарение на Даниел Перлман, биофизичар на Универзитетот Брандејс и голем љубител на вино наскоро не би требале да се грижиме за виното кое од врвот на шишето капе на маста или облеката. По тригодишно истражување тој открил дека решението е во нивот дизајн на шишето.
На пазараот се достапни различни продолжетоци со помош на кои може да го спречиме капењето на виното од шишето, а многумина од нас тие капки едноставно ги собираат со салфета. Но, Перлман сакал да го елиминира тоа дополнително трошок со промените на самото шише.
Анализа на голем број шишиња и забавени снимки на вино или други течности кои се точат од шишиња ја откриле карактеристиката дека течноста се прелева преку врвот на шишето низ надворешната страна на вратот затоа што стаклените шишиња се хидрофилни, односно привлекуваат вода. За да дизајнира шише од која нема да капе виното, Перлман соработувал со инженерот Грег Видберг со чија помош изумил кружен жлеб широк два и длабок 1 милиметар на врвот на шишето кој спречува излевање на течноста низ шишето.
Денешниот дизајн на шише многу не се сменил од 19 век, но Парлман се обидува да ги увери произведувачите на шишиња да се служат со неговиот дизајн на шише поради практичната промена која спречува пролевање на виното. Таа промена би значела дополнителен трошок во почетокот на производство на шишињата, но користа за потрошувачите би била голема. Перлман неодамна изумел брашно од кафе како состојка за храна или дополнување во прехраната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *