По традиција, третиот викенд од ноември ја носи најголемата винска возбуда. Чествувањето на божуле нуво, првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба и можноста да се дегустира истото е причина повеќе за голем број љубители на божествениот напиток да се соберат во дворот на винарската визба „Тиквеш“ каде и годинава ќе се слави фестивалот на младо вино.
Фестивалот на младо вино годинава ќе се оддржи во сабота, 18 ноември, со почеток од 12 часот, а новина годинава покрај новите вина од специјално одбраните вина на „Тиквеш“ е и локацијата на оддржување на манифестацијата. Од винарската визба „Тиквеш“ инфомрираат дека е подготвен нов простор кој ќе понуди дополнително уживање за сите присутни на настанот.