Вино и мед за совршено здраво срце

Хилдегард фон Бинген живеела пред 800 години. Германска монахиња, католички мистик, писателка, композитор и жена позната по своето познавање на билките и нивната исцелителна моќ. Како што се развивала модерната медицина, така рецептите на Бинген паднале во заборав. Во продолжение ви го претставуваме рецептот на Хилдегард фон Бинген за срце, стар 800 години.
Состојки

10 свежи стебленца магдонос
1 литар домашно црвено или бело вино
2 лажици вински оцет
300 грама природен мед

Магдоносот се става во литар домашно вино и се додаваат 1 до 2 големи лажици чист вински оцет.
Се вари 10 минути на тивок оган (внимавајте на пената). Потоа додадете 300 г чист мед и оставете го на тивок оган да се готви уште неколку минути. Виното процедете го и додека е уште топло ставете го во шише кое е добро измиено. Добро затворете. Талогот што се создава не е штетен и слободно може да се пие.
Пијалакот се користи секојдневно по една кафена лажичка. Пред употреба, доколку користите лекови, консултирајте се со својот доктор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *