Македонска филхармонија и „Тиквеш“ за совршен спој на префинета музика и врвно вино

Директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески соопшти дека културната институција и винарската визба „Тиквеш“ ја официјализираат соработката, што е мотивирана и иницирана од континуираниот стремеж да им се овозможи на љубителите на уметноста совршено уживање во префинети нешта.

– Чест ме е да го објавам официјализирањето на новата соработка со реномираната компанија „Тиквеш“, што започна со новата концертна сезона 2017/2018 на Филхармонијата. Особено ми е драго што на еден симболичен начин ја започнуваме соработката со најава за концетот на 14 февруари, кога се одбележува Денот на лозарите и Денот на вљубените, нагласи Илиески.

Тој посочи дека Филхармонијата во изминатиот период остварила големи успеси, што се должат на унапредениот програмски дел, како и на новите простории.

Менаџерот за односи со јавност на „Тиквеш“ Елена Младеновска, наведе дека концертот, што ќе се одржи на 14 февруари, е дел од пошироката платформа насловена „Falling in wine with you“ со која „Тиквеш“ ги обединува прославите на Денот на вљубените и празникот на лозарите и винарите преку нивниот заеднички именител – виното.

– Восокото реноме на Македонската филхармонија, квалитетот и уметничпкиот дострел се од големо значење за публиката и уметноста. Оттаму за нас беше логично да ги поврземе врвните македонски вина и бреднот „Тиквеш“ со една ваква институција, истакна Младеновска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *