Римјаните со храна и вино чекаат билети за дуелот со Ливерпул

Италијанската страст за фудбал, храна и вино не познава граници. Стотици навивачи на Рома направија редици кои траат 36 часа, само за да го бодрат својот тим на Олимпико, местото на кое ја урнаа непобедливата Барселона во четвртфиналето од ЛШ, а додека чекаат, си понесоа и храна и вино.

Романистите се веќе во транс за настапот на својот омилен тим во полуфиналето од Лигата на шампиони и покрај тоа што дома играат дури на 2 мај за кога е закажан реваншот со Ливерпул.

Официјалниот фан шоп на Рома картите ги пушти во продажба утринава во 10 часот, ама вистинските навивачи они кои не сакаат да го гледаат историскиот меч на тв, решија да не спијат и да се нацртаат пред билетарница уште претходната ноќ.
„Тука сме од вчера, ама не е проблем бидејќи не се случува секој ден да се оди на натпревар од ваква важност“, велат навивачите.
Само за навивачи на Рома предвидени се 35.000 билети, а 23.000 се пуштени во слободна продажба. Цените се 60, 85, 140 и 160 евра. Преку он лајн веќе има 10.000 барања.

На Италијанците храната им е посебна слабост и не можат да поминат со по еден сендвич. Камерите уловија и такви кои дојдоа опремени и се распослаа на тротоар со готвена храна, вино и прибор од дома.
1
На фотографиите ќе забележите и едно изненадување, а тоа е претседателот на Лацио кој веројатно бил на поминување. Некои навивачи на Рома се фотографирале со него, а тој имал само едно барање, а тоа е да ги тргнат шалчињата.

Со оглед на огромниот ентузијазам и упорноста на Романистите, ништо чудно првиот ден од продажбата на картите за полуфиналето да биде и последен.

Една постара госпоѓа изнуди аплауз за тоа што меѓу првите се обезбедила со билет. Била и на мечот со Барселона, а изјави дека со мажот и веќе купил карти и за финалето во Киев. Ако Рома не влезе во финале, ќе оделе на прошетка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *