Ниту францускиот шампањ не е имун на политика

Брегзит и француското протестно движење на „жолтите елеци“ ја намалија продажбата на францускиот шампањ во последната година на најниско ниво од 2004 година, објави Seebiz.

„Interprofessionnel du Vin de Champagne“ (CIVC) соопшти дека бројот на продадени шишиња шампањ се намалил за 1,8% на 302 милиони во 2018 година, иако вкупните приходи се зголемени за 0,3% на рекордни 4,9 милијарди евра поради зголемените цени.
„Падот на продажбата станува загрижувачки, бидејќи забавувањето во Франција и Велика Британија не е компензирано со повисоките продажби надвор од Европската унија”, рече заменик-претседателката на CIVC, Жан-Мари Балиер.

Продажбата во Франција и Велика Британија заедно сочинува околу 60% од вкупната продажба по обем. Продажбата во Франција се намали за 4,2% на 147 милиони шишиња, со тоа што повеќе шишиња се продадени во странство отколку во Франција, за прв пат во изминатите 100 години, со оглед на забавената економијата и антивладините протести од движење на „жолтите елеци“ кои ја отежнаа продажбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *