Château de Goulaine произведува вино повеќе од 1000 години

Велат дека колку е виното постаро, толку е подобро. Но, што ако винаријата постои повеќе од 1000 години?
Речиси и никој да не знае точно од кога е винаријата Château de Goulaine продава вино во комерцијална продажба, но едно е јасно, оваа, се разбира, француска винарија е помеѓу најстарите винарии во светот кои сеуште функционираат.

Photo aerienne du chateau de Goulaine et des marais

Сместена во долината на Лоара, Château de Goulaine од 13 август 1913 година е историски споменик на Франција. Замокот заедно со винаријата и припаѓал на семејството Goulaine, освен во периодот од 1788 до 1858 година, кога во текот на Француската револуција истиот му припаднал на еден холандски банкар, за денес во истиот замок да живее и работи триесетата генерација од семејството Гулаин.
Како еден од последните замоци кои и понатаму прават вино, Goulaine и понатаму е препознатлив по исклучителното бело вино од долината Лоара. Во фокусот се вината од сортата мускадет и фоле бланш (Folle Blanche).

492656
Постојат гласини дека некогашниот кувар на замокот de Goulaine, госпоѓа Клеменс Чефевр, го измислила beurre blanc sos, познатиот француски бел сос како бешамел во кој најчесто оди малку вино од сортата мускадет.
Денес освен како винска и историска атракција, имате можност да преспиете во замокот Goulaine, а доколку сте со подлабок џеб и да го изнајмите за Вашата венчавка.

Автор: Душко Стефанов – Боемот

AA76CC21-DC48-4D65-B06B-6D378EAE4188

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *