Што означуваат DOC и DOCG на италијанските вина?

Ако некогаш сте имале прилика да пробате италијанско вино, сигурно на шишето сте забележале некакви чудни ознаки, а со мало истражување истите ќе ги најдете и на секое друго шише вино кое потекнува од Италија. Ознаките DOC и DOCG се дел од идентитетот на секое вино, но што тие всушност означуваат? DOCG и DOC според италијанскиот закон се квалитативни класификации, и според истиот DOCG е највисока ознака за квалитет меѓу италијанските вина.
DOCG класификацијата добиваат вината кои носат деноминација на контролирано и загарантирано потекло (Denominazione di Origine Controllata e Garantita) додека DOC ознаката значи Деноминација на контролирано потекло (Denominazione di Origine Controllata).
Ознаката за DOC за прв пат била воведена во раните 1960-тите. Прописите за секое DOC вино ги поставуваат границите за областа на производство, бојата на виното, дозволените сорти грозје и максимални/минимални пропорции, стилови на вино, максимално/минимално ниво на алкохол, како и дозволени техники на витикултура, винификација и стареење. Во Италија денеска постојат 330 вина со DOC.

Ознаката за DOCG за прв пат била воведена во 1980 година со цел да се разликуваат италијанските вина со највисок квалитет, бидејќи се имало општо чувство и помисла дека статусот на DOC бил земен премногу „здраво за готово”. Прописите за вината со DOCG се построги и порестриктивни. На пример, максимум дозволените приноси на грозје се пониски. Исто така, секое вино мора да помине детална техничка анализа и дегустација за да добие официјален DOCG печат со одобрение од Министерството за земјоделство.

fine-italian-wine

На почетокот само пет вина биле признати како доволно супериорни за статусот на DOCG:

Brunello di Montalcino (Tuscany)
Vino Nobile di Montepulciano (Tuscany)
Chianti (Tuscany)
Barolo (Piedmont)
Barbaresco (Piedmont)
Додека денес постојат 73 вина кои имаат статус на DOCG во Италија…
Но, дали DOC и DOCG секогаш се индикатори за најдобар квалитет? За жал, системите за класификација на квалитет покажуваат само дел од приказната за квалитет. Тие означуваат дека сите кутии се обележани и дека се почитуваат правилата и прописите.

На крајот од денот, квалитетот се сведува на поединечниот производител. Постојат многу врвни квалитетни италијански вина што спаѓаат надвор од системот DOC или DOCG – не поради понизок квалитет, туку поради тоа што производителот избира да го направи виното од сорти или пропорции на сорти кои не се дозволени со правилата DOC / DOCG.

Пример, прославените вина Tignanello, Sassacia и Ornellaia – првично биле етикетирани како “трпезни вина”, бидејќи тие не се придржувале на прописите на Chianti DOCG. Во тоа време производителите избирале да направат вино надвор од класификацијата за квалитет на DOCG, бидејќи сметале дека правилата на DOCG се премногу рестриктивни, што ги спречува да ги направат најдобрите вина.

Значи, иако DOC и / или DOCG класификациите можат да бидат корисни во разбирањето на класификацијата на италијанската вина, тие не се секогаш дефинитивни водичи за вистинскиот квалитет на виното.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *