Плејбој ги спои сексот и виното во едно

Виното е природно секси, а Плејбој едноставно е синоним за секс. И додека виното и познатиот магазин го играа своето танго, беше само прашање на време кога ќе биде создадена можеби најубавата етикета на колекционерско вино која ќе ги обедини виното и Плејбој.
Новото вино Playboy California кое е всушност купажа од неколку сорти црвено грозје веќе неколку месеци е достапно онлајн. За да го оркестрира ова вино, Playboy Enterprises, Inc работеше со Lot18 за да произведе купажа од одбрано црвено грозје произведено во Калифорнија. Виното, кое се продава исклучиво преку веб-страница https://www.lot18.com/, се продава по цена од 150 долари, но за купување шест шишиња добивате ексклузивен попуст па едно шише ќе ве чини 127,50 долари. Виното се промовира преку социјалните медиуми, но, исто така, ќе се продава на настани за дегустација на претплатниците на Playboy како и низ клубовите на Плејбој во Соединетите Американски Држави.
Партнерството помеѓу Плејбој и Lot18 како глобална компанија за вино, која избира уникатни вина од целиот свет, а потоа ги продава на интернет, е прва соработка помеѓу двете компании.
Виното со ограничено издание го слави 65-годишниот јубилеј на Плејбој, а веднаш се препознава како дел од брендот Плејбој, бидејќи на етикетата е претставен препознатливата плејбој зајачица во златна мозаична форма, а дизајниран е од илустраторот и дизајнер на Плејбој, Кејти Баили.

47c5e100-2f15-11e9-9ff9-f60f7c27ca2f

Автор: Душко Стефанов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *