Ќе се реновира Винската куќа во градскиот парк во Кавадарци

Во кабинетот на Градоначалникот м-р Митко Јанчев, денеска беше потпишан договорот со изведувачот за реконструкција на објектот „Винска куќа“ во градскиот парк.
Проектот опфаќа: замена на кров, поставување на нова плоча, нова челична конструкција, изолација на ѕидови, како и зајакнување на надворешните ѕидови, поставување на нова електрична инсталација и партнерно уредување. Изведувач е фирмата „Баџак инженеринг“ од Скопје.
Градоначалникот Јанчев истакна дека со овој проект Кавадарци ќе се промовира во Регионален центар за развој на винскиот туризам во Вардарскиот плански регион.
„Ова е исклучително значаен, логичен и природен момент за градот и општината кои се центар на лозарството. Проектот го реализираме во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, кој аплицираше до Министерството за локална самоуправа – Бирото за регионален развој. Вкупната сума на проектот изнесува 7 549 639 денари од кои нашето учество е 3 096 460 денари со одлука на совет, а преостанатите 4 453 179 денари се од Бирото. Овој зафат на општината е врз основа на проектот „Унапредување и промоција на вински туризам во Вардарски плански регион преку инфраструктурно уредување на регионален вински центар-Винска куќа Кавадарци“, истакна Јанчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *