Иако правилата постојат за да се кршат, сепак, во винскиот свет не се дозволени премногу импровизации, особено кога сакате некого да импресионирате или да оставите прв впечаток дека сте одлични познавачи на виното.
Она што уште од далеку ќе Ви го забележат страсните вљубеници во виното не е ниту неговиот мирис, ниту арома, туку нивото на кои сте ги наполниле чашите.
Па за да оставите силен прв впечаток, осигурајте се дека секогаш кога послужувате црвено вино истото ќе зафаќа 1/3 од чашата. За разлика од црвеното вино, белото вино се служи во половина полна, или доколку сте песимисти, половина празна чаша. Чашите за пенливо вино пак се полнат три четвртини.
Се разбира, секогаш внимавајте на изборот на чаши да соодвествува со типот на виното кое го послужувате.