Вински викенд во Охрид

Со вечерашното отворање на Фестивалот „Вино и сирење 2019″, Општина Охрид и Секторот за локален туристички и економски развој стартуваат со годинешните манифестации за промоција на локални продукти, производи и занаети.
Дводневниот фестивал „Вино и сирење” им отвора можност за локалните производители на вино и сирење да ги презентираат своите производи на пазарот. Манифестацијата претставува своевиден мини-саем на кој се презентираат виното и сирењето како дел од традиционалната македонска гастрономија.
Истовремено, во ресторанот „Канео“ ќе се оддржи првото издание на “Вински Тераси – Охрид”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *