25 милиони килограми грозје годинава ќе откупат штипските винарии. Една третина од оваа количина ќе откупи винаријата Имако.
„Ние планираме да откупиме некаде околу 10 милиони килограми грозје. Најчесто откупот се одвива во еднаков сооднос бело и црвено“, изјави Атанас Рунчев – директор на произвдоство во винаријата „Имако“.
Винариите имаат позитивни сигнали за овогодишниот квалитет на родот на грозјето наспроти неколкуте лоши години.
„Нашите агрономи се на терен, сега за сега проценките се добри, малку сушата ни претставува проблем, но се надевам оние што имаат наводнување дека квалитетот ќе успеат да го задржат“ – вели Рунчев.
Стоостотен е процентот на извозен пласман на штипското вино, едногласни се винарите од штипските винарии.
„Скоро 60% од производството е за флаширано вино. За флашираните вина мораме да имаме количина на старо вино кое ќе биде стабилизирано и со потврден квалитет за да не направиме некоја грешка кај нашите комитенти од домашниот пазар и извозните земји“, дополнува Рунчев.