Македонија е 19та најомилена светска винска дестинација на туристите

Љубителите на вино од целиот свет ја рангираа Македонија на фантастичното 19-то место за најдобра винска туристичка дестинација.

Според британски сајт за патувања lastminute.com, кој рангираше 30 држави-производители на вино, според тоа дали имаат лозја отворени за посети и дали се организираат дегустации, какви меѓународни награди имаат освоено локалните вина, просечните трошоци за патување до соодветната држава (со почетна станица Лондон) и просечните трошоци за хотел и храна во неа, како и за тоа каква е просечната температура на воздухот.

На прво место на ранг-листата е Италија со 33 лозови региони, 994 винарии за дегустација чии вина освоиле 19 илјади награди. Втора е Франција, а на трето место Шпанија.

tosk2

Според податоците на сајтот, Македонија има три региони, Пчиња, Повардарие и Пелагонија, во кои има пет винарии за дегустација кои освоиле 157 награди. Трошоците за патување до неа се во просек 150 фунти, сместувањето за една вечер чини 36,5 фунти, просечната цена за оброк е 4,26 фунти и просечната температура во текот на годината е 11,4 степени Целзиусови.

Првите 15 позиции, според сајтот, им припаѓаат на Италија, Франција, Шпанија, Јужна Африка, Португалија, Аргентина, Грузија, Србија, Хрватска, Унгарија, Чиле, Кипар, Бугарија, Грција и Австралија.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *