Пријавете се за учество на фестивалот на младо вино

Во организација на здружението „Винотек“ од Кавадарци, во недела, 8ми декември, во хотел „Фени“ ќе се оддржи Фестивал на младо вино.
Согласно официјалната програма, настанот ќе започне точно во 12 часот, по што ќе следува дегустацијата на млади вина која ќе трае се до 16 часот и 30 минути. За музичкиот дел ќе бидат задолжени „the CHIKCS“.
Влезниците заедно со брендирана Винотек чаша за дегустација ќе се набавуваат на самиот ден на настанот на влезот во Малата Сала на Хотел Фени.
Од „Винотек“ уште информираат дека повикот за изложувачи ќе биде отворен до 5ти декември, а пријавувањето се врши на телефонскиот број +389 78 318 710.