БУДЕН СУМ

Шепотот на тишината

и пригушено хотелско светло

ми правеа друштво во ноќта

пред големиот ДЕН.

ДЕНОТ го поминав покрај Дрим.

Ме обземаше страв.

Кришум перо в рака земав

да напишам нешто, да не ДРЕМАМ.

ДРЕМАМ, ноќ е, ситни саати се,

а си спомнувам на денот.

Пред песната на Константина стоев

Мислев и години броев.

Москва, есен 1861 ЛЕТО.

ЛЕТО е, Струга дојдов пак!

Да соберам сила да напишам збор,

песна, сказна било што.

Од големите имиња да препишам јас

стил, мисла, силен СТИХ.

СТИХ по стих, „Струшки вечери на поезијата“.

Воздишки, аплауз и солзи.

Ех, да беше сега Константина

та тој да ја слееше „Т’ГА ЗА ЈУГ“.

Т’ГА ЗА ЈУГ, колку тоа силно, моќно звучи,

една песна, а живот цел.

Пуста да е ме навлече на патот чуден,

да не спијам, да пишувам

и пак да сум БУДЕН.

БУДЕН СУМ…

Струшки вечери на поезијата 2006 – Напишана на 29.10.2006, недела во 00:55 во хотелска соба во Струга.