Чаша полна оксиданти

Грозјето е малку калорично, па затоа е добар сојузник при слабеење. Грозјето со темно виолетова боја е исклучително богато со антиоксиданти, кои го зачувуваат нашето здравје и младешки изглед. Грозјето е исклучително добро за чистење на организмот. Грозјето содржи витамини А, Ц и Б комплекси, минерали како калциум, магнезиум, манган, железо, селен и калиум. Има антиинфламаторно, антивирусно и антимикробно дејство. Се бори против рак, анемија, запек и замор.

Потребни состојки:

  • 250 милилитри растително млеко
  • 150 г црно грозје
  • 1 банана
  • 1 лажица супер храна во прав по избор (на пример спирулина)

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги сите состојки во блендер, измешајте ги, а потоа уживајте!