Стратегот на Тотенхем, Маурисио Покетино не го криеше воодушевувањето од кратката средба што ја имаше со Сер Алекс Фергусон. Многумина тогаш сметаа дека тоа е најава за преселба на Покетино на „Олд трафорд“, но откако аргентинскиот стратег потпиша нов договор со Тотенхем тој проговори и за двата часа минати во друштво со екс-менаџерот на Манчестер јунајтед.
„Едно вино со Ферги ме направи подобар менаџер. Колку и да звучи нереално, точно е. Научив толку многу од него за толку кратко време. Секој збор што го кажа, секоја реченица, беше голема лекција за мене и мојот помошник Хесус Перез. Дефинитивно ми помогна да согледам некои работи и да станам подобар стратег. Можете да му ја прочитате книгата, но кога ќе го видите пред вас, увидувате зошто е тој толку голем, зошто е Сер Алекс Фергусон. Не можев да заспијам ноќта по средбата со него“ – емотивно раскажува Маурицио Покетино за средбата со најдобриот менаџер во историјата на Премиер-лигата.