Жерар Депардје пие по 14 шишиња вино дневно

Францускиот актер Жерар Депардје e вистински вљубеник во виното. Славниот актер кој патем има и своја приватна винарија првото вино го пие во 10 часот наутро, но иако во текот на денот пие по 14 шишиња вино досега никогаш не бил сосема пијан.
Тој нагласува дека пие кога му е досадно. Заради бајпасот и високиот холестерол сепак мора да биде внимателен, па повремено има периоди на апстиненција.
„Во секој случај нема да умрам, барем не засега. Уште имам енергија. Но, кога почнувам да пијам, не можам да пијам како нормален човек. Голтам по 12, 13, 14 шишиња на ден“, објаснува Депардје.
Тој сликовит го објаснува неговиот вообиаен ден.
„Во 10 часот почнувам со шампањ или црвено вино, па потоа пак шампањ. Па јадам со две шишиња вино. Попладне задолжителен е шампањ, за да го завршам шишето од утрото“ – искрен е актерот.
Сепак, објаснува дека никогаш не е сосема пијан, бидејќи доволни му се само 10 минути дремка, па повторно е свеж.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *