Подготвени ли сте за четвртото издание на најголемиот и најзначајниот вински настан во Македонија, Винодонија 2019.
Четвртото издание на единствениот и најпрестижен вински салон во Македонија ќе се одржи на 29-ти и 30-ти Ноември во хотел Мериот, во проширена и збогатена форма и содржина.
Елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој што го подигна нивото на винската култура во Македонија во изминатите години.
Годинава, ќе се запознаете со 50 винарии, македонски и странски и нивните 450 етикети кои што ќе ве прошетаат од Демир Капија до Трентино.
Повеќе информации за се она што не очекува на Винодонија очекувајте многу наскоро.