Три дена вино, музика и забава на тиквешкиот гроздобер 2019

Кавадарци остава зад себе викенд полн со спомени, емоции, дружење, добра музика, забава и секако, многу, многу литри испиени вино, пред се од винарската визба Милев „ГД-ТИКВЕШ“ кое освен на штандовите на винаријата можеше да се купи и на штандовите на рестораните и кафетериите кои беа лоцирани на градскиот плоштад и во паркот наспроти полицијата. Очекувано, концертите на Здравко Чолиќ и Јелена Розга беа во центарот на вниманието на речиси сите кавадарчани и нивни гости кои и годинава се проценуваат на неколку десетина илјади, но и годинава Тиквешкиот Гроздобер беше повеќе од манифестација која ќе се памети само по одличниот избор на музички имиња.

69804286_2499426523614727_4415200915426902016_n
Враќањето на сјајот на карневалот полека се чуствува, иако и годинава се чуствуваше отстуството на поставки кои се во духот на гроздоберската традиција и го симболизираат гроздоберот. Изложбата на олдтајмери, надополнета со парадата на моторџиите и велосипедистите ги привлекоа пред се припадниците од машкиот пол, иако во настаните со машки предзнак забележливо беше присуството и на жените, како на пример на турнирот во традиционалната Цајкова табла која во саботата се оддржа во паркот наспроти полицијата.

20190907-6b0aebaffc529f2cd0fd415012eadcd1
Секако, свое место во новата приказна под отворено небо имаа и најмладите кои уживаа во концертите на 2 Бона, Тони Зен, но и на забавата на костурницата во градскиот парк на која бугарскиот диџеј Методиj Христов ја имаше локалната поддршка од DJ Lako, DJ Power и DJ Metha Mill.

70381268_800269910389360_915250517096005632_n
Староградската македонска песна во многу побоемска атмосфера се консумираше во големи количини во паркот наспроти полицијата каде годинава настапија Марјан Коцев со Галакси Бенд, легендардните Трио Гранде, потоа Трио Мањифико, Класико Бенд, Дуо Форте со Александар Ангелов и Де Капо бенд.

70041506_799859170430434_3419793346376237056_n
Се разбира, ѕвезда на фестивалот беше легендардниот Здравко Чолиќ кој по многу години се врати во Кавадарци со речиси три часовен концерт на кој во еден глас со публиката ги отпеа своите најголеми хитови, но и „Тебе чувам за крај“ и „Ничег није било измеѓу нас“ од неговиот последен албум „Оно мало срече“.

70402840_2499720663585313_8112099620391223296_n

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *