Ако градскиот плоштад воглавно беше централната локација каде и годинава се оддржаа најголем дел од настаните од манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, тогаш ексклузивниот ресторан „Моклиште“ беше центарот на гламурот и убавината во трите гроздоберски денови.
Ставајќи ги во целост сите свои капацитети, екипата на www.vinotika.mk за прв пат беше составен дел од овогодинешниот избор на вински крал и кралица, понудувајќи му на сите присутни незаборавни мигови. Водејќи не низ вечерта посветена на кавадаречката убавина и младост, Душко Стефанов направи сите гости да се чуствуваат и повеќе од пријатно, а дел од прекрасната атмосфера, особено од она што гостите и немаа можност да го видат како случување во бекстејџот го забележа фото апаратот на нашиот најнов член, младиот Никола Соколов кој го потврди својот талент за фотографија.