Општина Кавадарци и оваа година ја продолжува традицијата на одбележување на празникот св.Трифун.
На св.Трифун лозарите ги закројуваат лозите и ги залеваат со црвено вино посакувајќи си плодна и бериќетна година.
На самиот ден, 14ти февруари се дава акцент на закројувањето на виновата лоза и отпочнување на лозарските работи, а со тоа и зачувување на традициите и обичаите типични за тиквешкиот лозаро-вински регион. Оваа година прославата на св.Трифун ќе трае два дена.
13.02.2020 година , Локација- Музеј галерија
18 часот – Изложба на дела од Лазар Дојчинов
13.02.2020 година, Локација – Дом на култура “Иван Мазов -Климе”
18:30 часот – Изложба на фотографии од Бранислав Бркиќ, Имре Сабо и Мирослав Јеремиќ
19 часот – СРМА – фестивал на традиционална музика од Р.Србија и Р.С.Македонија.
14.02.2020 година Локација – Градски плоштад Кавадарци
13 часот – Традиционално закројување на виновата лоза
13:30 часот – Акустико лајт
14:30 часот – Трио мањифико
15:15 часот – фолклорен ансамбл Тиквеш
Вечерна програма
20:30 часот – Шалабајзерс
22:15 часот – Игор Џамбазов и Гуру Харе