Цена 39,99 Куни – 330 Денари
Оцена за квалитет: 84/100
Класичен мек австралиски шираз од најжешките лозја на континентот, што се рефлектира во виното преку голема зрелост, меки танини, џем и варено овошје, од боровинки до суви смокви. Поради високиот степен на зрелост, остава впечаток за слатко вино, иако веројатно е суво. Јадења како готвени меса, со помалку и повеќе зачини, другите јадења со супа со парчиња темно месо се идеални партнери за ова вино. Алк 13,5%, суво.