Фудбал и вино, пасијата на Сер Алекс Фергусон

Фудбалот е неговата најголема љубов, коњите неговата опсесија, а виното неговата страст. Сер Алекс Фергусон едноставно знае како да ужива во виното. Неговата колекција од која неодамна дел се најде на продажба е огромна, а друштвото со кое Фергусон ги пие своите вина е секогаш одбрано, почнувајќи од неговите најблиски пријатели, до најлутите ривали, меѓу кои и Жозе Мурињо.
Во екот на епските фудбалски пресметки помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи, а подоцна и Реал Мадрид, сер Алекс Фергусон, откри дека со нетрпение очекува да се сретне со Жозе Мурињо и да одбере врвно вино. Една од неговите славни изјави во пресрет на дуелот со Реал во осминафиналето од Лигата на шампионите гласеше:„Сигурно дека станува збор за најинтересниот натпревар во осминафиналето. Голема шанса за нашите најверни фанови повторно во живо да го следат Кристјано Роналдо. Убава прилика за мене повторно да се сретнам со Жозе Мурињо. Ќе морам да купам некое добро вино”.

0617589001455213822_filepicker
Но и португалецот кој доаѓа од земја позната по виното не му оставаше должен на својот пријател од Шкотска, иако на нивната прва средба и малку се посрамотил: „На нашата прва средба, кетеринг тимот на Челси имаше купено некое вино, кое секако не ги задоволуваше стандардите на еден шеф како што е Фергусон. Тоа беше малку смешно, но и разочарувачки. Затоа, наредниот пат кога игравме еден против друг, лично се погрижив да го купам најдоброто вино од еден мој пријател. Оттогаш секогаш го пиевме истото вино кога ќе се сретнеа нашите тимови еден против друг“.
Колкав фан на виното е Фергусон зборува и неговата колекција од која речиси 500-тини кутии на многу вредни етикети од колекцијата на фудбалскиот стручњак, а голем дел од тие вина се поврзани со неговите славни денови и големите успеси во кариерата беа пуштени во продажба преку славната аукциска куќа „Кристи“, на аукции во Лондон и Хонг Конг.
Етикети на „Domaine de la Romanee-Conti“, но и бројни врвни вина и берби од Бордо од 1868 до 2011 година се најдоа пред љубителите на виното, трговци и фанови, а вкупниот приход кој се очекува ќе биде над три милиони фунти. Шест шишиња на Romanee-Conti Grand Cru 1999, одат во пар со потпишан дрес на Манџестер кој е носен во финалето на Купот на шампиони кога со 2-1 беше победен Баерн Минхен. Ваков колекционерски поклон се очекува да достигне цена од 60 000 фунти. Алекс Фергусон почна да се интересира и стана колекционер на вино во 1991 година, кога менаџер на некој хотел во Монпеље го запознал со културата на бордошките вина. Пред тоа, ретко купувал шише вино поскапо од 10 фунти.
Иако е голем фан на виното, неговите играчи се плашеле да се појават со чаша пред него. Легендарниот репрезентативец на Англија, Дејвид Бекам откри дека сите фудбалери на Манчестер Јунајтед максимално го почитувале најтрофејниот менаџер во Премиер лигата, сер Алекс Фергусон и им било срам да пијат алкохол пред него после натпреварите. Додека бевме играчи, алкохол пред него беше незамисливо нешто, и секогаш чашите со вино ги криевме зад грбот. Имавме огромна почит кон него, и многумина го гледаа него како „татко”. Кога се видовме пред неколку години, тој ми подаде чаша со вино, и додека разговаравме се обидував да ја сокријам зад грбот“ – изјави Бекам.

_70638148_becksfergie2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *