Едноставен, но колоритен и здрав ручек. Тој беше на денешното мени кај нас. Па еве го презентирам како предлог Прво измиените и исушени парчиња лосос се посолуваат па се валкаат во брашно. Се пржат на загреано маслиново масло, од двете страни. Се внимава рибата да не се препржи, бидејќи лососот е релативно посна риба. Во меѓувреме се прави сосот. Во мала касерола на оган се става маслиново масло и брашно малку да се запржат. По желба може да се додаде и чешне лук. Се додава лимоновиот сок и младо бело вино. Се вари на тивко да се згусни. Се зачинува по вкус и се додава сецкан магдонос. За гарнир веќе сварениот зеленчук се запржува 5-7 минути на малку маслиново масло и се зачинува. Се сервира лосос, гарнир и се прелева со сосот. Сосот може да се служи и одделно, кој сака може да додаде и сецкан лук. Количината на сос може да ја прилагодите според потребите на вашето семејство, односно да ја дуплирате.