Иако е голем фан на црвените вина, големиот мајстор на катите, Лука Валдеси, е посебно импресиониран од македонските бели вина.
„Посебен впечаток ми остави белото вино и покрај што повеќе сакам да се напијам црвено“, рече Валдеси при посетата на винаријата „Тиквеш“.
Освен од вината, италијанецот е воодушевен и од целиот амбиент во винаријата: „Јас сум воодушевен од амбиентот во винаријата, како изгелда сето тоа. Храната не е битна, иако мора да нагласам дека беше преубава, туку како сето тоа е направено и чувството кое се добива“, вели светскиот шампион во карате.
Валдеси кој има 22 европски и 6 светски златни медали, посетата на винаријата „Тиквеш“ ја оствари при посетата на Македонија при што оддржа и дводневен семинар за каратисти.