Производство на црвено вино во домашни услови

Производството на црвено вино во домашни услови треба да биде изведено по одредена процедура и редослед како би се
добил квалитетен производ. За производство на квалитетно вино многу е битна и хигиената на садовите кои ќе се
користат во процесот на производството.


ТЕХНОЛОШКИ ПРОЦЕС

Берба на грозјето
Бербата на грозјето е еден од поважните моменти при
производството на вино. За производство на квалитетни црвени
вина, од сортите вранец, мерло, каберне совињон и црн бургундец,
потребно е грозјето да содржи доволна количина на шеќер (над 200
гр/л), вкупни киселини (над 6,0 гр/л), боени материи и ароматични
материи.
Собраното грозје во гајби, треба брзо да се транспортира
до местото за понатомошна преработка, по можност не покасно од
три часа

За повеке информации кликнете овде