Не е тајна дека виното може да има корисен ефект врз вашето здравје. Се разбира, ако го консумирате во умерени количини, што обично значи една до две чаши на ден.
Помага во телесната тежина
Според спроведените истражувања, пиењето вино може да биде ваш сојузник во слабеењето. Единствениот услов е да го пиете навечер, а максимум две чаши. Исто така, важно е да се потенцира дека ова се однесува само на црвеното вино, кое е богато со антиоксиданти, објаснуваат експертите.
Исто така, црвеното вино го намалува апетитот, така што постои добра шанса дека во вечерните часови, додека гледате телевизија, ќе заборавите на грицките во кои уживате скоро секоја вечер.
Добро е за срцето и го намалува ризикот од мозочен удар
Веројатно сте го чуле тоа порано. Ако се сомневавте во тоа, фактот дека болницата во британската провинција Вилтшир била прва во Европа која вовела терапија со црвено вино може да ве разубеди. Имено, докажано е дека го намалува холестеролот, спречува појава на згрутчување на крвта и срцеви заболувања, го намалува ризикот од мозочен удар, но наводно врши и детоксикација на организмот во случај на тумори.
Ја подобрува меморијата
Ресвератрол е антиоксиданс присутен кај црвено грозје, а некои студии тврдат дека внесот на ресвератрол во средна возраст има позитивен ефект врз меморијата во староста. Експертите забележуваат дека нивните податоци биле собрани од експерименти врз лабораториски животни. Кај животните има подобрување на циркулацијата, како и намалување на воспалителните процеси во хипоталамусот, делот од мозокот што се памети и научи.
Го подобрува квалитетот на спермата
Да, прочитавте така. Покрај фактот дека чаша вино може да ви помогне да се опуштите, новите истражувања покажаа дека мажите кои пијат чаша вино еднаш или три пати неделно, драстично ја намалуваат веројатноста за појава на абнормалност на спермата.
Опушта и го олеснува стресот
Реално, знаете и вие самите. Со чаша вино многу лесно ќе заборавите на напорниот работен ден зад вас.
Го намалува воспалението
Веќе споменатиот ресвератрол, исто така, има улога на антиинфламаторно средство. Имено, го спречува предвременото стареење, но и габичните инфекции предизвикани од екстремни температури и УВ зраци. Со своите антиинфламаторни својства, го блокира производството на ензимот COX-2, што е главниот виновник за воспаление на телото и болка.