Немате идеја што ново да зготвите за целото семејство? Ова е одличен рецепт кој го сакаат дури и најмалите.
Брзо се подготвува и што е најважно, едноставно ќе ве натера дури и прсти да излижете.
Како да го подготвите?
Потребни состојки:
- 1kg пилешки прсти
- ½ шолја мед
- ½ шолја сенф
- 1 лажичка сув босилек
- 1 лажичка пипер
- Сол и бибер по желба
Подготовка:
Пилешките прсти посолете ги и ставете им бибер по желба и наредете ги во сад за печење. Во мал сад помешајте ги медот, сенфот, босилекот и пиперот.
Добро измешајте и ставете половина од сосот на пилешкото. Печете во рерна која претходно била загреана на 180 степени, околу 30-ина минути.
Извадете го пилешкото и премачкајте го со остатокот од сосот. Печете уште 15 минути.
На здравје!
Извор – skopjeinfo.mk