Вашата омилена боја може многу лесно да покаже каков вид либидо имате и колку сте компатибилни со партнерот кога станува збор за сексот.
Кафеава
Луѓето чија омилена боја е кафеавата се вистинско „богатство“ за своите партнери. Нивните чувства се длабоки, тие се топли и многу емотивни и чувствителни на туѓите потреби.
Бидејќи се многу сензуални, со нив е секогаш вистинско време за секс, речиси секогаш се подготвени и расположени.
Романтичните сцени, како прегратките пред каминот и прошетките на дожд се емотивна храна за овие луѓе. Единствено што им е важно во сексот е да имаат доволно време и приватност да се препуштат на страстите.
Сепак, мора да бидете претпазливи за што разговарате со нив бидејќи тие се во состојба да ја прекинат врската ако не се однесувате со почит кон нив.
Црвена
Луѓето кои ја сакаат црвената боја се генерално многу страсни во кревет. Тие се возбудуваат многу лесно и сакаат да уживаат во сексот на сите можни начини и да експериментираат.
Овие личности често иницираат секс и обично се доминантната страна во врската.
Жолта
Ако вие или вашиот партнер сте љубители на жолтата боја, тоа значи дека вашето либидо е многу сложено и обично се приспособува на ситуацијата и на моменталните чувства.
Иако се страсни, тие најчесто се во улога на оние кои го задоволуваат својот партнер и почесто се пасивната страна.
Тие имаат голем сексуален потенцијал, но ретко се ослободуваат доволно за да ѝ го покажат на другата страна.
Црна
Оние кои ќе се определат за оваа боја, обично ја избираат по инерција, односно немаат волја да размислуваат премногу. Покрај тоа, расположението им е променливо и најдобро функционираат под притисок.
Бидејќи црната боја не е поврзана со либидото, обидете се да пронајдете друга омилена боја за да откриете какво е вашето либидо.
Сина
Љубителите на сината боја се одлични сексуални партнери. Тие обрнуваат внимание на желбите и на потребите на другата страна и сметаат дека водењето љубов е уметност. Тие се суптилни и не се вулгарни.
Жените кои ја сакаат сината боја целосно и без двоумење им се препуштаат на задоволството и се големи љубители на предиграта без која не можат да замислат добар секс. Тие се добри партнери во бракот затоа што се лојални и верни.
Бела
За љубителите на оваа боја, сексот е нешто што честопати се смета за „табу“ и нешто за што не се зборува во јавноста. Тие водат љубов во темнина, немаат многу самодоверба и генерално се прилично крути и традиционални.
Жените кои ја сакаат оваа боја повеќе би сакале да водат љубов облечени, додека мажите нема ни да размислуваат за секс ако претходно не се истуширале.
Сива
Љубителите на оваа боја може да се опишат како неодлучни. Дури и нивниот избор на боја зборува за нивната неодлучност, бидејќи тие ја доживуваат сивата како боја што не е премногу „одлучна“.
Тие не уживаат претерано во сексот и го доживуваат како задача. За нив е најдобро да бидат со партнер со кој им се согласуваат потребите.
Розева
Љубителите на оваа боја често одбиваат да пораснат во животот, вклучително и во сексот. Жените кои ја сакаат розова боја сакаат да флертуваат, а мажите се вистински женкари.
Тие имаат либидо како тинејџери, а сексот го доживуваат како физичка потреба, а ретко како водење љубов.
Зелена
Љубителите на оваа боја изгледаат свежи и невино во пристапот кон сексот. Мажите кои ја сакаат оваа боја често се несмасни во кревет, но тоа изгледа шармантно и слатко.
Овие личности се нежни, но не и вистински страсни. Ако ги изберете за партнер, никогаш нема да се грижите дали ќе бидат неверни.
Виолетова
Љубителите на оваа боја честопати се сметаат себеси за премногу софистицирани за да можат да се тркалаат во кревет. Жените кои ја сакаат оваа боја не можат да поднесат неуредна фризура, а мажите му пристапуваат на сексот како на работа.
Тие често се концентрираат повеќе на сопственото задоволство отколку на задоволството на партнерот.
Портокалова
Љубителите на оваа боја се многу имагинативни и имаат многу сексуални фантазии. Тие го доживуваат сексот како филмска сцена во која ја играат главната улога.
Мажите кои ја сакаат оваа боја ќе ја влечат партнерка за коса, а жените со сигурност ќе остават траги од ноктите на грбот на партнерот.
Ниту една боја
Ако немате омилена боја, тогаш погледнете со кои бои најчесто сте опкружени или кои бои ги носите на облеката.
Сега вратете се на почетокот и изберете ја бојата што најчесто се појавува