Ако сакате да изгледате софистицирано пред вашите гости или при нарачување во ресторан, а сè уште не сте сигурни кое вино со какво јадење оди, тогаш подгответе се за една кратка лекција после која вашите гости ќе ве гледаат како вистинска, модерна и сестрана домаќинка.
Една од најважните работи која треба да ја запаметите во врска со виното е дека не мора да бидете стручњак за да уживате во него.
Доволно е да го следите сопствениот вкус и да уживате во мирисот и вкусот на виното, а не да го „џапате“ на екс.
Секако, постојат некои основни правила за совршена комбинација на виното со храната.
Бело вино со бело месо, црвено вино со црвено месо
Доколку послужувате јадење со пилешко месо, тогаш погрижете се да имате квалитетно бело вино. Ако пак служите свинско или телешко, тогаш отворете шише црвено вино. Иако ова правило не ги покрива сите сорти и варијации на вино кои постојат, сепак е основа за добар избор.
Лесна храна – лесно вино
Ако на менито имате само салата, не пијте тешко црно вино, бидејќи салата едноставно ќе се „изгуби“ во виното. Ако пак, јадете храна полна со протеини, како тешко месо или шпагети со болоњезе, тогаш не се препорачува бело вино, ни црно послабо. Земете малку потешко црвено вино кое ќе ви помогне во варењето на тешката храна.