Грозјето е малку калорично, па затоа е добар сојузник при слабеење. Грозјето со темно виолетова боја е исклучително богато со антиоксиданти, кои го зачувуваат нашето здравје и младешки изглед. Грозјето е исклучително добро за чистење на организмот. Грозјето содржи витамини А, Ц и Б комплекси, минерали како калциум, магнезиум, манган, железо, селен и калиум. Има антиинфламаторно, антивирусно и антимикробно дејство. Се бори против рак, анемија, запек и замор.
Потребни состојки:
- 250 милилитри растително млеко
- 150 г црно грозје
- 1 банана
- 1 лажица супер храна во прав по избор (на пример спирулина)
Начин на подготовка:
- Ставете ги сите состојки во блендер, измешајте ги, а потоа уживајте!