Српската тенисерка Ана Ивановиќ со години е најсексапилната тенисерка на светот. Според он-лајн гласањето на „Тенис Тоник”, Ивановиќ собра 36 проценти од гласовите, минувајќи ја канадската убавица Ежени Бушар, која собра 26 проценти. Агнешка Радванска од Полска со 15 проценти е на третото место, а изненадување е четвртото место на Марија Шарапова која освои само осум проценти од гласовите.
Ивановиќ во меѓувреме направи нова фотосесија за познат магазин и даде одговор на прашањето како го замислува совршениот состанок со мажот од соништата. „Тоа е многу лична работа, но летната вечер со чаша вино звучи како најдобар план. Тој мора да е искрен, љубезен и интелигентен, некој со кого можам да разговарам со часови“ – рече Ивановиќ која не открива дали го спроведила овој план и со нејзиното актуелно момче, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бастијан Швајнштајгер.