Македонските винарии на европскиот пазар целосно ја исполнуваат безцаринската квотата за извоз на виното во шишиња. Продажбата на наливнотo се одвива без проблеми…
Македонските винарски визби и годинава успешно ги исполнуваат квотите за извоз на западноевропските и на другите пазари во светот.
Две години по ред целосно се искористуваат договорените безцарински количества за продажба во Европската Унија.
По склучувањето на Протоколот во 2001 година, македонското вино во целост се продаваше единствено како наливно, а извозот на флашираното беше минимален и безначаен.
До крајот на мај годинава е забележано зголемување на извозот на виното во шишиња за 7 проценти, а на наливното за 47 отсто.
Квотата за флашираното вино е 91.000 хекто литри, а за наливното скоро 40 милиони литри годишно.