5 нови начини како да уживате во омиленото вино во лето

Кој рече дека не се пие вино кога е топло? Можеби не во облик на пијачка, но може како сорбет, гранита или сладолед…

1. Коктел со бело вино и сладолед

Измешајте половина чаша бело или пенливо вино со половина чаша сок од јагоди и додадете топка сладолед од ванила во средината.

2

2. Милкшејк од вино

Ставете 3 топки сладолед од ванила во една висока чаша и одозгора ставете кандирано или сушено овошје. Прелијте со мешавина од црвено вино и малку кисела вода. Почекајте сладоледот да почне да се топи и пијте како милкшејк.

3

3. Гранита од малини и црно вино

За да ви успее рецептот потребно е да одберете вкусно и слатко овошно вино. Потоа измешајте го со ¾ шолја обична вода и додадете 1 шолја шеќер и оставете го да зоврие неколку минути. Тргнете од оган, истурете 20-30 смрзнати малини. Измешајте ја смесата во блендер и ставете ја во тава за замрзнување или калапи за мраз. Оставете во замрзнувач неколку часа, а потоа гребете со вилушка за да извадите гранули мраз со вкус на вино.

4

4. Замрзнат јогурт од бело вино

Измешајте 2 шолји слатка павлака со ¾ шолја шеќер додека не добиете густа пена. Истурете ¾ шолја слатко бело вино и додадете неколку лажички сок од лимон. Ставете ја смесата во еден пластичен сад и оставете 2-3 часа да се замрзне. Служете во стаклени чаши, како сладолед. Секогаш може да го зачините вкусот со некое овошје.

5

5. Сорбет од јагоди и вино

Измешајте 1 шише овошно вино со 1 шолја шеќер и ¾ шолја вода. Додадете 3 шолји исчистени и изблендирани јагоди, па смесата ставете ја да зоврие. Тргнете од оган, промешајте уште неколку секунди, па оставете 1 час да се олади. Претурете во сад и замрзнете неколку часа. Вадете топки со лажица за сладолед и декорирајте со парче чоколадо.

6

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *